Насловна / Вести / Митот за „прстот на царот“ на пругата Москва – Санкт Петербург

Митот за „прстот на царот“ на пругата Москва – Санкт Петербург

Постои една стара, интересна приказна поврзана со пругата што ги поврзува двете руски престолнини Москва и Санкт Петербург, која се прераскажува со векови, а главни актери на оваа анегдота се царот Николај Павлович, неговиот прст и – железницата. Оваа интересна анегдота „живее“ со векови.

„Прст на царот“ – легенда стара со векови

Трасата за железницата што ќе ги поврзува Москва и Санкт Петербург своевремено на картата ја нацртал самиот император Николај Павлович со помош на линијар – тој направил права линија меѓу двата најважни руски града во тоа време, а по негова наредба железницата требало да ја следи таа линија, бидејќи тоа бил најкраткиот пат.

1

Постои легенда дека императорот не само што повлекол права линија, туку и згрешил во таа прилика: држејќи го линијарот со едната рака, а цртајќи ја линијата со другата, царскиот молив „се сплеткал“ на прстот на царот и го следел неговиот обликот, а послушните инженери, кои немале храброст да го поправат, постапиле токму онака како што Николај Павлович нацртал на картата – и железницата ја изградиле со обиколница (во делот каде што моливот го „заобиколи“ прстот). Во оваа приказна би можел да поверува секој што ќе ја погледне трасата по која минувала железницата – јасно се гледал свиокот, наречен обиколница Веребинск.

4

Сепак, сето ова е само легенда, а во реалноста сè било многу поедноставно: не постоеле никаков линијар и царски прст, а причината за изградбата на обиколницата лежела во несогласувањето меѓу членовите на комитетот кои биле задолжени за градење на железницата.

Комитетот бил поделен на два „табора“: едниот кој бил да се оптимизираат трошоците и железницата да се изгради праволиниски и другиот кој бил за изместување на таа делница, за железницата да поминуваат и низ Новгород. Патем, царот бил за поповолната варијанта. Но, зошто сепак е донесена одлука да се изгради обиколница?

3

Вистината за обиколницата Веребин

Николај I навистина се сметал за суров, педантен и цар опседнат со контрола, кому малкумина се осмелувале да му се спротивстават. Прво, железницата била изградена праволиниски (тикму како што барал царот), но инженерите се соочиле со несовладлив проблем во тоа време – неверојатно голема разлика во надморската височина помеѓу двата дела. Имено, станицата Мстински мост се наоѓала на надморска височина од 79 метри, додека следната станица Торбино била на надморска височина од 192 метри. Меѓу нив имало мошне стрмен наклон долг 21 километар по кој возот тешко се искачувал. Тешко и се спуштал зашто кочниците се вжештувале од триење. Возовите тешко запирале во правец кон Санкт Петербург додека се спуштале кон станицата „Мстински мост“. Во спротивната насока, од Петербург кон Москва, возот немал доволно сила за да се искачи на брдото. Решението било вагоните да се откачат на подножјето, па локомотивата да влече само по неколку вагони на врвот на брдото.

2

Трагедии кои ја промениле трасата на пругата

Веројатно железницата и денес би била таква, да не се случеле две трагедии. Првата се случила во февруари 1852 година, три месеци по свеченото отворање на железницата, при искачувањето на ридот, дел од композицијата што веќе го совладал наклонот и останал на врвот, се откачил и се превртел надолу, предизвикувајќи директен судир со другата половина од композицијата која штотуку се качувала нагоре.

Втората се случила 17 години подоцна, кога изгорел целиот Мстински мост  – инженерите заклучиле дека понатамошното користење на оваа траса би било премногу ризично.

Токму поради ова е изградена обиколницата во должина од пет километри, чија изградба е завршена во 1881 година, и токму вака се појавила обиколницата која наликувала на прстот на Николај I – „прстот на царот“. Додека царот Николај I, кому „прстот“ му се припишува, починал 26 години претходно.

5

Прстот на царот станал прст на Сталин

Бидејќи анегдотата поврзана со прстот на царот била интересна, многумина ја користеле и ја модификувале според сопствено мислење. Така, на пример, во 20. век, главни „јунаци“ на слична анегдота станале Сталин и Транссибирската магистрала, а многу туристички водичи сè уште им раскажуваат на туристите за овој настан како реален дел од историја.

Денес на картата повеќе не може да се најде „прстот на царот“ на пругата Москва – Санкт Петербург зашто Министерството за сообраќај во 2000 година донесе одлука од безбедносни причини да се исправи и да се израмни пругата на тоа место, со оглед на тоа дека на новите брзи возови им е потребен правец на кој не мораат да забавуваат.

Испрати коментар

Scroll To Top