Насловна / Вести / MIT разви нов премаз за прозорци, за сериозна заштеда на енергија за климатизација

MIT разви нов премаз за прозорци, за сериозна заштеда на енергија за климатизација

Само во САД, деловните згради трошат околу 29 милијарди УСД за задоволување на своите потреби од енерија, која главно се состои од енергија за  климатизација.  Статистиката покажува дека енергијата за климатизација учествува со 6% во вкупната потрошувачка на електрична енергија во САД. Новото решение кое доаѓа од MIT  (Massachusetts Institute of Technology) , може да му заштеди на бизнисот стотици илјади долари во сметките за климатизирање на деловните згради. Новиот материјал – тенок филм со способност за одбивање на топлината, може да се нанесе на прозорските стакла и да рефлектира дури 70% од сончевото зрачење.  Притоа, и покрај ваквиот третман, прозорското стакло останува целосно транспарентно до температура од 32 степени Целзиусови. Со овој концепт, истражувачите од MIT процениле дека компаниите ќе можат да заштедат во просек околу 10% од трошоците за енергија.  Професорот по машинско инженерство  Nicholas Fang  вели дека ваквиот приспат овозможува пасивно ладење на зградите со истовремено обезбедување на доволно природна светлина.  ” Паметните прозорци кои денес се достапни на пазарот, се или не се доволно ефикасни во однос на одбивањето на сончевото зрачење, или пак како во случајот на одредени електрохроматски решенија потребен им е напон за функционирање. Затоа, нудиме нови оптички материјали и премази, заради обезбедување на подобри опции за паметни прозорци.”

mitcoatings1

mitcoatings2

mitcoatings3

mitcoatings4

Испрати коментар

Scroll To Top