Барем три производители на автомобили тврдат дека се во состојба да постигнат брзина од 482 km/h, но дека една „ситница“ ги спречува во тоа. Hennessey, Bugatti и Koenigsegg се согласни дека оваа брзина е достижна (Hennessey дури ветува и рекорд), но проблем се пневматиците.
Според пишувањето на Bloomberg, се чини дека наскоро овие производители нема да имаат било какво оправдување, бидејќи компанијата Мишелин открива дека веќе конструира пневматик кој ќе може да издржи вака екстремни околности. „Веќе чукаме на вратата на брзина од 300 милји на час“ вели менаџерот од Мишелин, Ерик Шмединг.