Литванија е балтичка земја која нуди бројни занимливости за туристите. Литванецот Dainius Rutkauskas пред повеќе од десет години дошол на оригинална идеја за една нова атракција. Имено, во земјата позната по врвната кошарка, извонредната архитектура и прекрасните шуми, Rutkauskas осмислил национален парфем.
Тој се надевал дека со време парфемот ќе стане национален симбол на земјата, како што чоколадото и часовниците асоцираат на Швајцарија или Guinness на Ирска. Овој парфем во почетокот служел само како освежувач на простории, а го потпишува француската компанија Galimard. Станува збор за мешавина на бергамот, полско цвеќе, ѓумбир, малина и грејпфрут, со базни ноти на јантар, сандаловина, па дури и мов и чад од дрво. Откако се појавил овој парфем, владата го испратила до политичарите и на другите балтички земји, а министерот за одбрана испратил и пакет во Авганистан за литванските војници, за да ги потсети на домот. Во меѓувреме понудата на оваа линија освежувачи, совен на парфеми е проширена и на креми и мирисни свеќи.