Оваа капела се наоѓа во центарот на Хелсинки, Финска. Дело е на архитектонското студио К2С архитекти и се простира на површина од 325 м2.
Оваа капела е поставена на јужната страна на плоштадот „Наринка“ во центарот на Хелсинки, и нуди место каде што човекот може да се смири и да се засолни од вревата и метежот на еден од најфреквентните делови на Хелсинки.
Со својата заоблена форма и дрвена материјализација, овој објект успешно се вклопува во урбаниот пејзаж.
Истовремено, капелата нежно го обликува внатрешниот простор кој ги прифаќа посетителите и ги штити од забрзаниот градски живот надвор од неа.