Насловна / Вести / Министерството за правда на САД, го тужи Apple поради монопол на пазарот на паметни телефони

Министерството за правда на САД, го тужи Apple поради монопол на пазарот на паметни телефони

Министерството за правда на САД, ја тужеше американската компанија Apple, поради наводен монопол на пазарот на паметни телефони. Долго очкуваната тужба доаѓа по повеќегодишните тврдења на критичарите дека Apple и нанесува штета на конкуренцијата поради рестриктивните услови на својата продавница за апликации, високите надоместоци и строго контролиранот пристап до својот хардвер и софтвер. Според наводите на тужителот Apple го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите компании и трговци“.

Afghanistan

Тужителот тврди дека Apple ја користел контролата над оперативниот систем iOS кој се користи во iPhone уредите, за да ги блокира иновативните нови апликации и стриминг услуги во облак (cloudu), како и дека намерно ја ограничил можноста за поврзување на конкурентските паметни часовници со iPhone уредите. Во своето соопштение, Apple ги отфрла сите овие наводи и смета дека тужбата би поставила опасен преседан кој би им дозволил на владите да се мешаат во дизајнирањето на технологиите.

Испрати коментар

Scroll To Top