Насловна / Вести / Бугарското министерство за енергетика нареди прекин на активностите на „Јужен тек“

Бугарското министерство за енергетика нареди прекин на активностите на „Јужен тек“

bugarija juzen tek

Бугарското министерство за економија и енергетика нареди да се прекинат сите активности поврзани со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, додека проектот не се усогласи со барањата на Европската комисија (ЕК).
Во писмото до Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), потпишано од министерот за економија Васил Штонов, забрането е потпишување на било какви договори во врска со „Јужен тек“, а од БЕХ се бара да и помогне на ЕК при усогласувањето на овој проект со правната регулатива на Европската унија (ЕУ), пренесува ИТАР-ТАСС.
Штонов минатата недела изјави дека проектот „Јужен тек“ ќе биде реализиран, бидејќи е важен и за Бугарија и за Русија, но и за целата ЕУ. Бугарскиот министер сепак истакнал дека сите страни кои се вклучени во проектот, мораат да сфатат дека тој мора да биде реализиран по прописите на Унијата.
Тој изразил очекување дека во следните два месеци ќе биде постигнат напредок, доколку ЕК и Русија седнат да преговараат и да работат заеднички.
„Всушност, и нема толку многу проблеми кои треба да се решат“, изјавил Штонов.

Испрати коментар

Scroll To Top