Насловна / Вести / Министерот Изаири на форумот „Реформа на градежни дозволи за поконкурентни региони“ во Белград

Министерот Изаири на форумот „Реформа на градежни дозволи за поконкурентни региони“ во Белград

GRUPNI PORTRET

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска во Белград учествуваше на Првиот меѓународен форум за реформа на системот за издавање градежни дозволи во Југоисточна Европа на тема „Реформа на градежни дозволи за поконкурентни региони“.

Изаири, како што соопшти неговиот Кабинет, имаше излагање за воведувањето електронски системи за издавање градежни дозволи.

Истакнувајќи дека Република Македонија оствари значаен напредок во поедноставувањето и забрзувањето на постапката за издавање на градежните дозволи што овозможи поголема конкурентност и намалување на административните бариери, министерот потенцираше дека заштитата на животната средина претставува интегрален дел на постапката за издавање на градежните дозволи која претходи и од чие успешно спроведување зависи исходот на издавањето на дозволите за градење.

MEDJUNARODNI FORUM

Во излагањето,  министерот ја образложи постапката за оцена на влијанието на проектите и плановите врз животната средина, попозната како ЕИА постапка која во Република Македонија целосно се спроведува уште од 2006 година, и која почнува уште во фазата на идеја и пред изработката на основните проекти.

– Сакам да потсетам дека заштитата на животната средина претставува интегрален дел на постапката за издавање на градежните дозволи и без нејзино почитување одлуките за развој нема да бидат одржливи. Можеби на почетокот овие постапки изгледаа како да го забавуваат целиот процес на издавање на дозволите, но потоа се покажа дека оценката на влијанието на плановите и проектите врз животната средина и здравјето на луѓето го стимулира доаѓањето на квалитетни и сериозни инвеститори во државата, порача Изаири.

Меѓународниот форум отвори можности за министрите одговорни за градежните активности од регионот да разменат искуства и да дискутираат околу спроведувањето на реформите во овој сегмент, со цел заедничка изградба на поконкурентен регион.

 

Испрати коментар

Scroll To Top