Одделението на архитекти при Комората на овластени архитекти и инженери – КОАИ е иницијатор, предлагач и изготвувач на Нацрт Тарифник на инженерски услуги во се врз основа на член 109 став 7 од Законот за градење.
Тарифникот се однесува на минималниот надоместок за услугите на архитектите и инженерите во високоградбата.
По повеќемесечно работење Нацрт Тарифникот е презентиран и усогласен со останатите одделенија при КОАИ и на 9 мај презентиран пред УО на КОАИ. На 14 мај одделението за архитектура одржа состанок на кој тарифникот се прифати. Во моментов Тарифникот се презентира пред останатите професионални одделенија, кои треба истиот да го разгледаат и одобрат. КОАИ планира после прифаќање на тарифникот од страна на професионалните одделенија, да го презентира на бизнис заедницата. Неопходно е потоа да се закаже Собрание на КОАИ на кое истиот ќе биде ставен на гласање. Доколку Собранието го изгласа Тарифникот тој ќе се проследи до Министерство за транспорт и врски за да стане дел од Законот за градење.
Со Нацрт Тарифник се пропишува минималната вредност на надоместокот за извршените инженерски услуги од страна на овластените архитекти и овластените инженери, учесници во активностите предвидени со Законот за градење. Исто така предвидена е и минимална нето-вредност на работен час на архитектите и инженерите и механизми за спроведување на одредбите на Тарифникот.
Висинита на минималниот надоместокот за извршените инженерски услуги во предложениот тарифникот е презентиран табеларно, а е изработен согласно Правилникот за урбанистичко планирање и ја дефинира градбата по класи на намени.
Тарифите кои се дадени во табелите на тарифникот ги регулираата минималните надоместоци за учесниците во изградбата (член 12 ), а согласно член 47 и член 54 од Законот за градење и подзаконските акти. (Правилник за проектна документација…., Правилника за ревизија на проектна документација……)
Предложено е и техничката документација, која подлежи на Тарифникот задолжително да содржи доказ за наплата на надоместокот на инженерските услуги.