Ова навистина интересно лавабо кое изгледа како футуристички елемент за купатило е дело на бугарскиот дизајнер Виктор Василев, кој студирал архитектура во Копенхаген, Данска, а моментално живее во Милано, Италија.
Неговото портфолио открива еден модерен минималистички пристап, а секој негов дизајн има свој единствен момент на различност. За разлика од други елегантни лавабоа, во овој проект авторот го отстранил сето она што го смета за излишно.
Сепак, тоа има Carrara мермер кој се користи за подобрување на визуелниот ефект на производот. Интересната комбинација на геометриски форми е видлива, која се чини како да е основа за дизајнерски концепт.
Лавабото доаѓа со славина и инсталација, и нивниот суптилен изглед совршено се вклопува со лавабото направено од стакло. Ова дело е достапно во верзија за двајца. Останатиот дел може да се користи како простор за складирање, спојувајќи ја својата естетика со висока доза на функционалност.