Украинскaта дизајнерка Олена Јудина го уредила овој стан од 124 квадратни метри, кој се наоѓа во Киев. Станот е поделен на два дела, приватен и јавен дел. Мал ходник води во гостинската соба, бањата, соблекувалната и собата за перење. На спротивната страна е дневната соба, спалната, гардеробата и уште една бања.
Распоредот поставен во круг придонесува поврзаност на просториите и избегнување на мали непотребни ходници. Доминантна боја во ентериерот е белата, на која како совршен контраст се поставени дрвени подови и сиви плочки во кујната. Дрвените полици монтирани на ѕидот во кујната многу убаво се вклопуваат со белите кујнски елементи.
Во прилог на бела и нијанса на сива, исто така и зелената боја е внесена во ентериерот со собните растенија. Белите тули донесуваат текстура благодарение на темниот малтер кој се користи. Спалната соба е уредена во скандинавски стил, многу чисто и едноставно и како да повикува за одмор и релаксација.