RED е реновиран луксузен стан од 120 квадратни метри во срцето на Тел Авив, Израел, дело на дизајнерот на ентериери Yael Perry. Името RED произлегува од рефлексиите и сенките создадени од еден црвен прозорец кој ја рефлектира светлината на просторот.
Просторот е поделен на јевен дел: дневна соба орјентирана на тераса и отворена кујна и приватен дел: спална соба, гостинска соба, работна соба, бања и мал балкон.
Кујната и дневната соба се во темно сиви, црно-бели тонови, дизајнирани минималистички со неколку истакнати елементи.
Спалната соба е препознатлива, бањата е буквално внатре во просторијата, без ѕидови за разделување. Кадата е веднаш до креветот и санитарни единици се делумно скриени во ниша.
Во текот на денот, светлината што минува низ црвеното стакло ја мие бањата во нијанси на црвена боја.
Минимализмот, во комбинација со светли тонови, пуристички бои и глазирано стакло, одговара на потребата да се направи простор, најпрво темен и декориран во еклектичен стил, мешајќи арт деко со поп-арт елементи, потоа поголем и посветло.