Ресторан Simple се наоѓа во главниот град на Белорусија, а дел од угостителската понуда на Минск стана минатата година. Првобитната состојба на објектот веднаш го истакна својот потенцијал, а тоа е големата површина на отворен простор и големите прозорци. Просторот е исполнет со елементи на ентериер, од кои повеќето се специјално правени за да совршено се вклопат во концептот на дизајнот на ентериерот.
Сивкастиот ентериер сегментно е акцентиран со елементи во бакар.
Архитектот идејата ја спроведувал со користење на специјално дизајниран систем за осветлување, маси изработени од различни видови на дрво, како и мноштво на перници кои софите ги прават поудобни и топло визуелни.
Секако дека еден од поинтересните елементи се издолжените бакарни радијатори, кои во исто време претставуваат ефективна ѕидна декорација.
Прилично сведениот ентериер е исполнет со голем број растенија и обработено дрво што му даваат на просторот пријатна атмосфера.
Иако е користена потемна палета на бои и мебел со сведени форми, постојат и назнаки на индустриски стил кој се рефлектира во видот на осветлување сегментно изложените инсталации во таванот на ресторанот.
Ресторанот има 326 квадратни метри.