Модерниот минимализам се повеќе се употребува при дизајнирањето на ентериерите во последните неколку години. Овој правец се карактеризира со чисти и јасно дефинирани линии на целокупните чинители на ентериерот, како што се линиите на фиксните елементи, обработката на ѕидовите, подовите и плафоните, како и чисти и јасно дефинираните линии на мебелот.
Токму ваков е следниов пример каде чистината со која располага овој простор не плени, и самиот простор ги потенцира сопствените елементи кои треба да дојдат до израз.
Во координација со сопствените принципи, овој стан има неверојатна чистина во обработката на подот, ѕидовите и плафонот. Се случува воедначена бела текстура, каде што дури нивните граници се прелеваат една во друга.
Минималистичкиот мебел во станот, како ТВ комодата, седечката гарнитура и останатите парчиња мебел се толку јасни и чисти, што само ја надополнуваат сликата на минимализам интерпретиран на модерен начин.
Одредени елементи интерпретирани во натур-бетон и одредени темни и црни елементи му даваат на овој простор длабочина и тридимензионалност.