Насловна / Ентериери / Пристап со едноставни геометриски форми и богати текстури

Пристап со едноставни геометриски форми и богати текстури

Малите димензии со кои располага овој стан не биле пречка за одличниот дизајнер од Русија, Михаел Темников, да уреди прекрасен простор кој се одликува со минималистички елементи.

1-minimalisticki-stan

Архитектот, главно, користи едноставни геометриски форми и облици но и богати текстури. Со бетонот, арматурните шипки и дрвото, кои се релативно евтини материјали, дизајнерот успеал да направи простор кој е свеж и софистициран.

2-minimalisticki-stan

Овој простор се одликува со релативно мали и компактни димензии на дневниот, работниот и просторот за спиење, додека пак изненадувачки и неочекувано е потрошен поголем простор околу претсобјето и трпезаријата.

3-minimalisticki-stan

Интересна е употребата на жица и арматурни шипки, па така тие се јавуваат кај дел од полиците, столиците и осветлувањето. Исто така и бетонските елементи се застапени во овој стан, па така оваа комбинација, надополнета со дрвото, совршено се вклопува.

4-minimalisticki-stan

5-minimalisticki-stan

6-minimalisticki-stan

7-minimalisticki-stan

Испрати коментар

Scroll To Top