Шефот на секторот за дизајн на продавници во Apple посакал за себе куќа, која ќе биде модерна и современа, исто како и продавниците на овој познат бренд. Тој во соработка со компанијата Alchemy s ја модифицирале префабрикуваната куќа weeHouse и креирале две отворени коцки кои го претставуваат неговиот дом во долината Санта Роса во Калифорнија.
Деведесет отсто од куќата е направено во фабрика, а кога била донесена на самото место, таму бил завршен остатокот од работата.
Куќата од 90 квадратни метри е врз основа на оригиналниот проект на weeHouse, кој претрпел извесни промени во однос на приспособување на (VIP) клиентот.
Сепак, она што е суштината на оваа куќа, е префабрикацијата, а останатото е непроменето, пишува ArchDaily.
Куќата за шефот во компанијата Apple се состои од две коцки: една од 60 квадрати, која служи како главен објект, а втората од 30 квадратни метри, која е во функција на гостински простории.
Оксидираните брановидни панели одлично кореспондираат со животната средина.
Коцките се поставени на бетонска база, која служи како основа. Префабрикуваните модули се изработени од метални конструкции, со прозорци од подот до таванот, а обложени се со брановидни панели од нерѓосувачки челик. Таквата оксидирана фасада совршено се вклопува во калифорнискиот контекст во кој доминира дабова шума.
Ентериерот не помалку импресивен иако е целосно минималистички. Има само она што е потребно, а акцентот е ставен во целост на поглед кон долината Санта Роса.