Нежните линии и волумени на мијалниците од новата App колекција која ја потпишува Flaminia, во бањата внесуваат минималистичка елеганција.
Богатата и ценета колекција на брендот App Flaminia, доби неколку новитети, кои содржат совршено округли и овални форми. Дизајнирани се да бидат витки и ја емитуваат својата визија на леснотија.
Тенкиот профил на овие мијалници е изработен од керамика со исклучително висок квалитет. Во склад со визијата на Flaminia, бојата е клучен елемент на дизајнот со кој не може да се поигрува, така новитетот има богата палета на бои, која оди од бели, природни, млечни тонови, до земјени нијанси, петролеј зелена и Рубенс црвена.