Велосипедите до пред неколку децении биле резервирани за помали места или пак за ретки урбани ентузијасти. Меѓутоа, денес се сметаат за едни од најпосакуваните средства за транспорт, од еколошки и практични причини.
Како што расте побарувачката за нив, така и понудата станува се повеќе интересна, па така, денес може да се најдат спортски, урбани но и шик варијанти.
Шведското дизајнерско студио Playful Design Studio, неодамна ја претстави својата визија за модерен велосипед. Тие се воделе од принципот на рафинираната скандинавска и минималистичка естетика, но не смееле да ги занемарат ниту техничките спецификации. Моделот на велосипедот Koppla се состои од тело кое личи на јаже врзано со јазли, додека останатиот дел од опремата е инспириран од флексибилните BMX модели.
Дизајнерите сметаат дека овој велосипед ја одразува нивната крајна мотивација: разиграноста како ултимативен начин да се најдат креативни решенија кои произлегуваат од истражувања на непознати ситуации и искуства.