Историската зграда Flatiron се наоѓа во Менхетен, Њујорк. Изградена во 1902 година, во оваа необична градба постои посебно убав апартман со смирувачки дизајн на ентериерот.
Целиот стан е многу светол и воздушест, со нијанси на бела и сива боја. Станбениот простор е простран, содржи две светлосиви софи поставени во еден агол и бело масиче за кафе. Големите прозорци овозможуваат природна светлина, откривајќи шармантен карактер на просторот.
Дневната соба го дели просторот со трпезаријата, која е на другиот крај од собата. Меѓу овие зони се спирални скали. Масата е едноставна, правоаголна и без непотребни детали и украси. Таа е дополнета со шест модерни столици. Бел огромен лустер виси ниско над масата.
Мебелот во кујната е светол – бел, а апаратите, барските столици и светилките се само контрастни елементи, давајќи акцент.
Станот има четири спални соби и две бањи. Главната спална соба е особено интересна. Има ѕид полн со уметнички дела кои додаваат боја на свежиот бел декор.
Минималистички белата палета на бои, исто така, се користи во останатите простори.
Големата бања има суптилен шарм заради белите и пастелно зелени акценти. Ѕидовите и мебелот се бели, со двоен мијалник.