Естетиката на минималистичките објекти, од време на време, знае да биде и непрактична. Но оваа куќа која е обликувана со користење на основните геометриски форми, истовремено е и удобен дом во внатрешноста како и дом кој е лесно поврзан со природната околина која преку пациото пенетрира во неговата внатрешност.
Пациото кое се јавува во централниот дел речиси од сите страни е опколено со стаклени ѕидови кои овозможуваат бујното зеленило да се гледа од различни агли.
Истото зеленило со ваквиот начин на третирање е интегрирано во внатрешноста на куќата.
Во внатрешноста на куќата сонцето и природата непречено продираат. Отворената основа на оваа куќа овозможува непречено движење од просторија во просторија додека пак дизајнерскиот мебел дава инспиративен лик на секоја од просториите.
Нискиот и удобен мебел пак е поставен на средината и таму може да се собере на куп целата фамилија.