Кога станува збор за проектирање на удобни станови, тогаш може да се предложат безброј иновативни решенија кои одлично би одговарале на таквите простори, но кога станува збор за проектирање на екстремно мали простори, тогаш иновативноста на дизајнерите доаѓа до вистински израз.
Овој апартман се наоѓа во рускиот град Сургут. Се простира на 38 метри квадратни, а е дизајниран за потребите на млада девојка која е студентка.
Овој стан дава впечаток на простран простор со помош на расчленувањето на просторот, па така овој стан изгледа многу поголем. Користени се интересни детали и бои, со што му се вдахнува живост и енергија на целиот простор.