Јапонското студио Kazuteru Matumura Architects е одговорно за реновирањето на куќа во Осака, Јапонија, така што со вметнување на две кутии се овозможува циркулација, светлина и проветрување. Надградбата на постојната структура ги задоволува потребните прописи за конструктивниот дизајн, а исто така ги содржи и најновите квалитети во поглед на изолацијата. Проектот е изведен со минимален буџет, но тоа не пречи на неговата оригиналност така што се ставени само апсолутно неопходните додатоци. Сакајќи да постигне пример за зачувување и рециклирање, проектот овозможува заштедата на енергија при што нуди уникатен ентериер за неговите сопственици.