Овој стан на Петта авенија во Њујорк е сопственост на дизајнерот на ентериери Хауард Слаткин, и всушност претставува омаж на Версај.
Слаткин го купил овој стан кој има беспрекорен поглед на Централ Парк и неговиот живописен северен терен пред две децении, а 17 години го претворал во свој мини „Версај“. Сега, овој декориран стан се наоѓа на продажба на пазарот за недвижности, со цена од 10 милиони долари. „Станот со ентериерот претставува завршено платно“, изјавил Слаткин за New York Times.
Овој екстравагантен стан доаѓа со позлатени бордури, гипсани тавани, неколку различни дрвени подови, оригинален француски мермерен „Луј XVI“ камин, челични елементи од 19 век, кинески тапети од 18 век и многу други елементи.