Насловна / Арт и дизајн / Milivié 1 – Beetle restomod на Volkswagen вреден 570.000 евра

Milivié 1 – Beetle restomod на Volkswagen вреден 570.000 евра

Моделот со ограничено производство наречен Milivié 1, е модел Beetle restomod на Volkswagen, кој претставува комбинација на легендарниот оригинал и модерните карактеристики на ова возило. Компанијата Milivié има намера да произведе 22 примероди од овој модел кој ќе чини 570.000 евра. Гледајќи го моделот Milivié 1, јасно е дека компанијата направила поголеми промени на дизајнот во огнос на оригиналната „Буба“, а уочливи се некои детали инспирирани од моделите на Porsche со воздушно ладење меѓу кои „носот“ потсетува на моделот 356. Автомобилот има округли LED предни светла, а тука се и дополнителните кои се позиционирани поблиску до браникот.

milvie1

milvie2

Назад е спојлерот во облик на паткин клун, кој е фиксиран на поклопецот на моторот, додека страничните светла се во облик на потковица. За производство на моделот Milivié 1, компанијата користи донорски примерок од моделот VW Beetle 1303. Овој модел се појавил на почетокот на седумдесетите години од минатиот век, и бил поголем од првобитната “Буба“.

milvie3

Автомобилот целосно се расклопува, а потоа следува неколку илјади часови на работа, со цел да се комплетира трансформацијата и да се добие саканата креација. Производството е ограничено на 22 примероци, бидејќи оригиналната „Буба“ била произведена во 22 примероци. Milivié ќе соработува со клиентите со цел секој автомобил да се прилагоди на сопственикот. Испораките почнуваат од јули 2023 година, а последниот автомобил ќе биде испорачан во мај 2025 година.

Испрати коментар

Scroll To Top