Насловна / Вести / Милијарди за инвестиции во Сонце и ветер во Грција

Милијарди за инвестиции во Сонце и ветер во Грција

Грција подготвува низа проекти за искористување на сончевата енергија и енергијата од ветерот, а во актуелниов период има за цел да привлече нови инвеститори.

Инсталираната моќност на постројките изнесува дури 2,6 GW, а очекуваните вложувања се проценуваат на 2,5 – 3 милијарди евра, од кои поголемиот дел во ветерни централи. Во согласност со тоа, грчката влада веќе ги објавила правилата за учество на првите конкурси. Првиот конкурс е закажан за 2.7.2018 година, кога ќе биде понудена првата за изградба ветерна централа со моќност од 300 MW  и соларни централи исто така со инсталирана моќност од 300 MW. Слични конкурси ќе се спроведуваат и во наредните две години. Се очекува проектите да бидат помогнати со средства од Европската Инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка з аобнова и развој (ЕБОР), која само во 2017 година ги поддржала проектите во Грција за „чиста енергија“ со кредити во вредност од 300 милиони евра.

 

Испрати коментар

Scroll To Top