Насловна / Градежништво / Милијарда долари за аеродромот „Никола Тесла“

Милијарда долари за аеродромот „Никола Тесла“

aerodrom nikola tesla_1

Една милијарда долари ќе бидат инвестирани во работата на проширување и модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а разговорите со потенцијалните концесионери од Обединетите Арапски Емирати ќе се водат во Белград.
Планот е според моделот на јавно-приватно партнерство да се изгради трет терминал само за потребите на националната авиокомпанија, да се реконструира Терминал I, да се изгради втора писта, најголем карго центар во регионот, како и нов хотел , а за самиот проект, како што пишува „Вечерње новости“ постои голем интерес.
Проширувањето на аеродромот во Белград е неопходно заради најавените директни летови до САД, отворањето на нови дестинации и зголемиот број на патници, а земајќи ја предвид големината на инвестицијата, потребен е концесионер.

aerodrom nikola tesla_2
Периодот на концесија ќе биде прашање на договор на Владата на Србија и идниот концесионер, но се смета на околу 20 години.
Проектот се претпоставува ќе донесе голема работа и на српските градежни компании.
Експертите на американската воздухопловна власт ќе го посетат Белград повторно во јуни, а еден месец подоцна се очекува нивниот извештај, со кој, по пауза од 10 години, Србија треба да биде вклучена во Категорија 1, што значи дека на авиокомпаниите од Србија директно ќе можат да летаат во Соединетите Американски Држави.

Испрати коментар

Scroll To Top