Насловна / Вести / Милано планира до 2035 година да стане рај за велосипедистите

Милано планира до 2035 година да стане рај за велосипедистите

Градскиот совет на Милано го одобри проектот наречен Biciplan Cambio, нов транспортен систем кој воведува велосипедски коридори низ градското ткиво, давајќи приоритет на заштитата на животната средина, како и безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

Проектот има за цел да ги надополни постоечките велосипедски патеки со 750 километри нови коридори, кои ќе поврзат 133 градски општини со поширокото градско подрачје.

3

Како што објасни Беатриче Угучони, градски советник задолжена за мобилност, ќе се инвестираат 250 милиони евра за воведување на 24 велосипедски линии: четири кружни и 16 радијални, со цел да се намалат емисиите и сообраќајот и да се обезбеди поголема безбедност на патиштата за велосипедистите и возачите на моторни возила, кои повеќе нема да мора да ги делат истите рути, пишува ArchDaily.

Советничката објаснува дека „ова е единствен проект во Италија, бидејќи е првиот што го следи органски стратешки документ. Нашата желба е да го опкружиме Милано со капиларна мрежа на велосипедски патеки кои го поврзуваат градот со целото околно подрачје“.

Патеките на мрежата Cambio, исто така, ќе бидат следени со оптички влакна, за да се овозможи користење на паметни инфраструктурни решенија, како што се осветлување со мало влијание и информации во реално време прикажани покрај патеките.

1

По должината на коридорот ќе бидат поставени и паркинзи и станици, а кога ќе биде завршен, проектот ќе стави 80 отсто од јавните објекти и услуги, како што се болниците, училиштата и претпријатијата, во круг од еден километар велосипедска рута.

Советот долго време ја разгледувал трансформацијата на градскиот систем на мобилност, особено откако беше видлив значителен пад на сообраќајот и загадувањето за време на првото затворање на земјата на почетокот на 2020 година.

4

По првото затворање, Милано најави план наречен „Отворени улици“, со кој им се дава приоритет на пешаците и велосипедистите пред автомобилите на 35 километри патишта низ Ломбардија.

Пред неколку дена Европската комисија усвои повеќе предлози за транспорт со кои се намалуваат 90 отсто од емисиите на јаглерод, што се доближува до имплементација на Европскиот зелен договор.

Сетот предлози вклучува развој и модернизација на мрежата TEN-T, збир на железници, внатрешни водни патишта и патишта за моторни возила што поврзуваат 424 големи градови низ Европската унија.

2

Следејќи ја истата визија, градот Париз најави дека ќе инвестира 250 милиони евра за подобрување на велосипедската инфраструктура и проширување на мрежата на велосипедски патеки со намера да стане „100 отсто погоден за возење велосипеди“.

Инвестицијата од француската престолнина доаѓа преку Bike Plan, петгодишен урбан проект кој ќе го зголеми присуството на велосипеди и ќе обезбеди безбедни и добро поврзани рути за патниците и пешаците, со цел до 2026 година да го направи Париз „еден од водечките bike-friendly градови во светот“.

5

Првите градежни работи на проектот Cambio би требало да започнат на крајот на летото 2022 година, а ќе ја опфати првата делница од линијата 6, со која ќе се стига до приградското место Segratea и вештачкото езеро Idroskalo, по улицата Rivoltana.

Испрати коментар

Scroll To Top