Насловна / Вести / „Милан“ со нов стадион во 2017

„Милан“ со нов стадион во 2017

nov stadion za milan
Славните италијански фудбалски екипи „Интер“ и „Милан“, наводно се договориле за тоа до кога заедно ќе го употребуваат стадионот „Сан Сиро“, односно „Џузепе Меаца“, пренесуваат италијанските медиуми.

Новата арена на „росонерите“ би требало да биде изградена на околу шест километри на северозапад од актуелната локација.

Преселбата на „миланезите“ е планирана за 2017 година, додека „нероаѕурите“ ќе инвестираат во обнова на „Џузепе Меаца“.

Во изминатиот период најчесто се зборуваше дека токму „Интер“ е клубот кој ќе оди на свој нов стадион, а сега наводите велат оти екипата на Берлускони ќе се осамостојува под водство на Барбара, која е задолжена за бизнис секторот на тимот.

Двата италијански фудбалски гиганта ќе продолжат да го користат стадионот за своите домашни натпревари до сезоната 2016/2017.

Во 2016 година токму овој легендарен фудбалски храм ќе биде домаќин на финалниот дуел во Лигата на шампионите.

Испрати коментар

Scroll To Top