Во овој стан во Торонто се е едноставно и подредено. Но, тука е ѕидот од тула што ја разбива монотонијата.
При адаптација на станот во стара зграда, архитектот доаѓа на идеја да ги задржи оригиналните ѕидови од тула и да се спротивстави на едноставните, монотони бели ѕидови. Во овој судир на старото со новото нема доминација туку само задоволен станар кој ужива во овој сосем необичен ентериер.
Интересни ентериерни решенија не се среќаваат само во дневната соба туку и во останатите соби. Бел мебел, црни детали, многубројни скулптури, интересно осветление, несекојдневни столици, темни подови, црна кујна – се тоа го чини овој стан во Торонто вистинско мало ремек-дело.