Насловна / Вести / Микропластика за прв пат пронајдена во човечка крв

Микропластика за прв пат пронајдена во човечка крв

Новото откритие покажува дека пластичните честички можат да патуваат низ телото и да се задржат во органите. Траги од микропластика за прв пат се откриени во човечка крв, а научниците пронашле ситни честички во речиси 80 отсто од тестираните примероци.

Откритието покажува дека честичките можат да патуваат низ телото и да се задржат во органите, а влијанието врз здравјето се уште е непознато, пренесува Гардијан.

pl5_resize

Истражувачите се загрижени бидејќи микропластиката предизвикува оштетување на човечките клетки во лабораторија, а веќе е познато дека честичките кои го загадуваат воздухот влегуваат во телото и предизвикуваат милиони прерани случаи на смрт годишно.

Огромни количини пластичен отпад се фрла во околината, а микропластиката сега ја контаминира целата планета, од врвот на Монт Еверест до најдлабоките океани. Познато е дека луѓето веќе консумираат разни ситни честички отпад со храната и водата, исто така и ги вдишуваат, а пронајдени се во изметот на бебињаи возрасни.

Научниците анализирале примероци од крв од 22 анонимни дарители. Сите се здрави и возрасни. Пластичните честички се пронајдени кај 17 испитаници.

пл_resize

Половина од примероците содржеле ПЕТ пластика, која вообичаено се користи за производство на шишиња, додека третина содржела полистирен, кој се користи за пакување храна и други производи. Една четвртина од примероците од крвта содржеле полиетилен од кој се направени пластичните кеси.

„Нашета студија е првиот показател дека во нашата крв имаме честички на полимери – тоа е револуционерен резултат“, вели професорот Дик Ветхак, екотоксиколог од Универзитетот Врије во Амстердам.

„Но, мораме да ги прошириме истражувањето и да ја зголемиме примероците, бројот на проценети полимери итн.“ Понатамошните истражувања од многу групи веќе се во тек, вели тој.

„Секако дека е разумно да се биде загрижен. Честичките се тука и се пренесуваат низ телото“, додаде професорот Ветхак.

mp1_resize

Вели дека претходните истражувања покажале дека количината на микропластика е 10 пати поголема во изметот на бебињата во споредба со возрасните и дека бебињата кои се хранат од пластични шишиња голтаат милиони микропластични честички дневно.

„Исто така, генерално знаеме дека бебињата и малите деца се поранливи на изложеност на хемикалии и честички. Тоа многу ме загрижува“, истакнува Ветхак.

Новото истражување е објавено во списанието Environment International и ги прилагодило постоечките техники за откривање и анализа на честички со мали димензии од 0,0007 милиметри.

Професорот Ветхак призна дека количината и видот на пластиката значително се разликуваат помеѓу примероците од крв. „Но, ова е пионерска студија“, вели, нагласувајќи дека сега е потребно повеќе да се работи на оваа проблематика.

пл1_resize

Наведе дека разликите во количината од примероците може да зависат и од краткотрајната изложеност на лицето (пред земањето примероци од крв) на честички од пластични садови или маски за лице.

„Големото прашање е што се случува во нашето тело. Дали честичките се задржуваат во телото? Дали се транспортираат до одредени органи, како што е преминување низ крвно-можданата бариера, и дали овие нивоа се доволно високи за да предизвикаат болест? Итно треба да финансираме понатамошни истражувања за да можеме да дознаеме“, предупредува професорот Ветхак.

Новото истражување го финансирала Холандската национална организација за истражување и развој на здравјето и Common Seas – компанија која работи на намалување на загадувањето со пластика.

Се очекува удвоено производство на пластика

„Производството на пластика ќе се удвои до 2040 година“, вели Џо Ројл, основач на добротворната организација Common Seas. „Имаме право да знаеме што прави сета оваа пластика со нашите тела“, додадава.

pl4_resize

Common Seas, заедно со повеќе од 80 невладини организации, научници и пратеници, бараат од владата на Велика Британија да издвои 15 милиони фунти за истражување на влијанието на пластиката врз здравјето на луѓето.

Европската унија веќе финансира истражување за ефектите на микропластиката врз фетусот и бебињата, како и врз имунолошкиот систем.

Неодамнешното истражување покажало дека микропластиката може да се закачи на надворешните мембрани на црвените крвни зрнца и да ја ограничи нивната способност за транспорт на кислород. Честичките се пронајдени и во плацентата на трудниците, а кај женските стаорци тие брзо минуваат низ белите дробови во срцето, мозокот и другите органи на фетусот.

mp_resize

Коавторот на истражувањето за микропластика, професор Ветхак, го проценувал и потенцијалниот ризик од рак и заклучил: „Подетално истражување за тоа како микро- и нано-пластиката влијае на структурите и процесите на човечкото тело и дали и како тие можат да ги трансформираат клетките и да предизвикаат карциногенеза, итно е потребно, особено во светло на експоненцијалното зголемување на производството на пластика. Проблемот секој ден станува се поитен“.

Испрати коментар

Scroll To Top