Можеби изгледа како лабораторија на научници од минатото, но дизајнерите од Philips сметаат дека овие парчиња би можеле во секој дом да донесат еколошко значење, со големо влијание врз иднината.
Микробиолошки дом е колекција кујнски апарати и уреди создадени како концепт на програмата на Philips, Design Probes, која го истражува начинот на живот во иднина, во која сите елементи во домот работат заедно во интегриран цикличен екосистем. Оваа микробиолошка колекција кујнските апарати и уреди ги подигнува на ново ниво во систем во кој отпадните производи од еден процес се користат како извори на енергија за друг.
Централниот дел е „остров за био-варење“ кој има површина за сечење, гас и био-раствор. Бактериите во био-растворот се хранат со органски отпад, како што се остатоци од зеленчук, за да произведат гас метан кој го напојува централниот дел, осветлувањето и ја загрева водата. Дехидрираната тиња од дигесторот може да се користи како компост. Поврзаната „остава“ вклучува висечка зеленчукова градина и единица за ладење од теракота во масата, обезбедувајќи алтернатива на енергетското интензивно ладење.
Останатите елементи на микробиолошкиот дом вклучуваат светлосна кошница која се напојува со биолуминисцентни бактерии и секрети од уредот за варење на метан. Постои дури и уред кој работи рачно за да ја рециклира пластиката.
Моделите на овие концепти прикажани се во галеријата Piet Hein Eek во Ајндховен за време на Неделата на дизајн во Холандија, но малку е веројатно дека наскоро ќе видиме елементи на микробиолошки дом во продавниците. Со овој концепт, Philips само сака да изнесе идеја, да поттикне разговор за еко домови и иновации на ова поле. Микробиолошкиот дом, сепак, служи како илустрација за еден начин на кој можеме да ги направиме нашите домови еколошки поодржливи.
Како функционира Микробиолошкиот дом погледнете во видеото.