Компанијата Vantage Towers, соопшти дека веќе има инсталирани соларни панели на деведесетина свои локации, и дека планира да го зголеми тој број. Сега Vantage Towers ја ангажира фирмата MOWEA да ги инсталира своите модуларни микро ветерни турбини на 52 телекомуникациски кули во Германија, и така да покрие две третини од нивната сопствена потрошувачка на енергија при просечни брзини на ветерот.
Берлинскиот стартап MOWEA, кој развил решенија за нивно монтирање, потпишал вреден договор со компанијата Vantage Towers, која управува со над 82.000 такви телекомуникациски објекти. Во првата фаза на пилот-проектот ќе бидат инсталирани 750 микротурбини на 52 кули во Германија. Електричната енергија нема да се испорачува во мрежата, туку ќе биде користена на самите локации за напојување на опремата на компанијата Vodafone, сопственик и најголем клиент на Vantage Towers. MOWEA, е основана во 2016 година на Техничкиот универзитет во Берлин. Овој стартап соопштува дека само 1,3% од вкупно 5,2 милиони телекомуникациски кули на светот се напојуваат со електрична енергија од обновливи извори. Нејзините системи за производство на енергија од ветер се конструирани на начин кој им овозможува да бидат модуларни и флексибилни, па можат да се поставуваат на места на кои не би можеле да бидат инсталирани конвенционалните ветрогенератори. MOWEA, која планира масовно да се прошири ширум Европа, исто така има мали модуларни ветерни турбини за покривите на индустриските погони, а таквите уреди би можеле да се користат и на станбените објекти.