Следниот пат кога ќе размислувате за голема бања или пак посебен простор за фитнес во вашиот дом, присетете се на овој микро апарман кој сите свои намени ги местува во само 18 м2.
Во така малиот простор, сместени се простори за вежбање, спиење, опуштање и работа.
Начинот на кој дизајнерот на овој стан се справува со недостатокот на простор е со тоа што повеќето од работите се поставени по вертикала, така што ја ослободуваат хоризонталата.
Овој стан е опремен со неопходните елементи и нема вишок мебел, па така како целина функционира беспрекорно.
Просоторот во овој мал апартман може да се пофали и со трансформабилност, па така дневната соба во текот на ноќта се претвора во спална соба.