Инспирирани од еклетичниот и креативен свет на модата, новите самостоечки мијалници Dame, кои ги креирал Vincenzo Missanelli за Glass Design, асоцираат на елегантен фустан припиен со телото.
Нивната силуета, карактеристична по нежни контури, ја акцентира формата и убавината. На ист начин на кој еден фустан ја рефлектира личноста и карактерот на жената која го носи. Мијалниците Dame, достапни се во неколку бои, за да се вклопат со сечија желба и вкус – Jour и Nuit финиши совршени се за современи бањи, додека D’Or и D’Argent верзиите се за оние кои копнеат по луксуз и гламур, а Rouge секоја бана ја прави заводлива.
Влијанието на светот на модата понатаму е отелотворено во пролет/лето и есен/зима колекции во ко ќе биде лансирана линијата Dame во верзии со ограничено издание, во различни бои кои ќе ги рефлектираат трендовите.
Направени од Vetrofreddo, Dame мијалниците се уникатни и стануваат уште попривлечни кога ќе се здружат со огледала, кои создаваат хармоничен total look. Крајниот резултат е амбиент кој е елегантен, женствен и вонвременски.