Насловна / Арт и дизајн / Мијалници Aura е Astro

Мијалници Aura е Astro

Природен елемент кој ја менува својата форма со текот на времето, волумен кој се обликува, трансформира и рекомпонира за да го изнајде својот дефинитивен израз, во течна и цврста состојба истовремено – тоа би можело да биде совршен опис на Aura е Astro новите antoniolupi креации, дизајнирани од Марко Пива.

11_resize

Aura е Astro се мијалници со силна личност и скулптурално присуство, кои ја дефинираат хиерархијата на своето опкружување. Како апсолутни тотеми, кои не бараат додатоци за да блеснат со полн сјај, тие секој амбиент го исполнуваат со енергија и убавина.

12_resize

„Cristalmood е волшебен материјал. Сакав да го интерпретирам со емоции, затоа работев на врската помеѓу чистата геометрија и самиот предмет и нежната инертнана форма“, вели Пива.

„Cristalmood е изненадувачки материјал, богат со рефлексија и енергија. Отпорен како камен, проѕирен како кристал, ни даде можност да развиеме нови нијанси, кои инаку би биле незамисливи. Тој е издржлив, долготраен и може да се рециклира “, изјави Андреа Лупи, извршен директор на семејната компанија, antoniolupi.

Screenshot 2020-10-26 120938_resize

Мијалниците Aura е Astro се изработени токму од овој материјал, кој ги комбинира технологијата и традицијата. Рачно се става во калапи, потоа се пескари и се полира исто така рачно за да се отстранат сите потенцијални несовршености. На крајот, тој добива заштитен слој, кој му дава издржливост и убавина.

Покрај тоа, овие мијалници се опремени со LED осветлување и се достапни во 13 бои.

14_resize 15_resize 13_resize

Испрати коментар

Scroll To Top