Архитектонското студио A. Lerman Architects го спроведе проектот за изградба на парк посветен на промовирање на еколошката свест на периферијата на Беер Шева, најголемиот град во пустината Негев во јужен Израел. Различни локални и меѓународни експерти соработуваа на опфатот за уредување на отворени простори кои реплицираат различни природни елементи кои го прикажуваат разновидниот див свет во регионот.
Архитектонското студио на чело со Асаф Лерман, е добро познато во својата работа, преку соработките со други истакнати архитектонски студија, вклучувајќи ги и проектите на Националниот музеј на Ерусалим, Школата Мандел на Хебрејскиот универзитет и Факултетот за уметност Безалел.
Проектот наречен Мидбариум, се заснова на локалните традиции на жителите на пустината, и вклучува изградба на огромен изложен бетонски покрив, со површина од 1800 м2, со што се генерира засенчен простор погоден за пријатно добредојде на посетителите. Овој простор наликува на основната структура на шатор.
За изградбата на проектот се оствари соработка со градежниот инженер Рафи Бат, познат по својата работа во бриуталистички манир. Работата на инженерот беше од големо значење за развојот на деликатна триаголна конструкција, кои генерира светла и сенки кои се проектираат низ мрежата во облик на превез, дефинирајќи ги периметрите на просторот за јавни настани. Под покривот се расплетува динамична програма од активности, вклучувајќи меѓусебно поврзани ходници, удобни киосци, основни услуги, продавница, разновиден амфитеатар, места за седење и информативни допирни точки. Овие елементи се стратешки лоцирани во близина на влезовите и излезите од паркот.
Бруталистичката лушпа, исто така, генерира природна вентилација кон соседната зграда, овозможувајќи намалување на системот за климатизација на еколошка вентилација, совршено усогласувајќи се со посветеноста на Midbarium за одржливост.
Во своето обраќање одговорниот проектант, Асаф Лерман ќе каже: „Нашата цел беше остварување на беспрекорна интеграција на народното знаење со конкретното наследство на најистакнатите архитектонски икони во градот. Ние веруваме дека оваа уникатна комбинација создава карактеристична средина. Со отстранување на бариерата на климатизацијата, пустинскиот воздух е добредојден, воспоставувајќи нова храбра врска со градот.