Насловна / Вести / Microsoft ја обвинува ЕУ регулативата за најголемиот IT прекин во историјата

Microsoft ја обвинува ЕУ регулативата за најголемиот IT прекин во историјата

Microsoft ја обвини ЕУ регулативата за овозможување на софтверски грешки, кои го предизвикале најголемиот IT прекин во историјата. Компанијата навела дека спогодбата од 2009 година со Европската комисија не дозволил воведување на безбедносни измени кои би спречиле ажурирање на CrowdStrikе. Имено, минатонеделното неисправно ажурирање резултирало во откажување на летови, нефункционални бесконтактни плаќања и сл. Во периодот помеѓу петокот и неделата биле откажани 9.650 летови, при што најголем број откажувања имала американската авиокомпанија Delta.

На почетокот на овој век, Европската комисија покренала постапка против Microsoft поради загриженост дека популарниот Windows и дава на компанијата предност во однос на конкуренцијата. Во 2009 година, компанијата се согласува да го зголеми изборот за корисниците на компјутери во поглед на пребарувачи и друг софтвер. Овој инцидент доаѓа во момент кога новите ЕУ закони го принудуваат Apple да го отвори својот iPhone. Имено, според новиот Закон за дигитални пазари, компанијата ќе мора да дозволи алтернативни продавници на апликации и веб пребарувачи на iPhone. Apple тврди дека овие промени ќе го направат iPhone помалку сигурен.

Испрати коментар

Scroll To Top