Microsoft ги поместува границите кога е нивниот прв лаптоп во прашање. По успехот со SurfacePro, првиот ultrabook на компанијата што значеше влегување на пазарот исполнет со Apple-овите издржливи MacBook-ови и други производители, и се чини дека ќе ги оправда очекувањата.
Сепак, она на што сите најмногу обрнале внимание е неговиот изглед – речиси совршен. Екранот од 13,5 инчи „излегува“ од тастатурата и дава впечаток на многу поголем екран.
Екранот со резолуција 2,256×1,504 дава остра слика, иако резолуцијата и натаму не е добра како во случајот на MacBookPro или минатогодишниот SurfaceBook.
Тежи 1.25кг, со дебелина од 14.55мм, што значи дека лесно е пренослив и многу практичен.
Доаѓа во четири бои – платинеста, бургунди, сина и златна. Платинестата верзија ќе биде достапна само за пазарот во Велика Британија.