Компанијата Michelin во период од три години развивала специјални пневматици за новиот Mercedes-AMG GT, а станува збор за пневматиците Michelin Pilot Sport S 5. Според некои информации, во својот тест погон во Франција, Michelin користел 25 различни мешавини за предните гуми и 20 за задни. Инженерите сакале да се уверат дека овие пневматици ќе имаат добри перформанси и во суви и во влажни услови.

Michelin работел на овие пневматици во исто време додека Mercedes го развивал новиот AMG GT, а целата работа е реализирана во тестниот погон на Michelin во Франција. Се повеќе производители на автомобили тесно соработуваат со компаниите кои произведуваат пневматици, со цел пневматиците совршено да одговараат на нивните возила.