Во Лондон „Metrocab“ стана првото лиценцирано електрично такси. Претседателот на оваа компанија изјави дека „Metrocab“ е добитник на бројни признанија и пофалби во последните неколку месеци. Тој истакна дека ова е првото вакво такси волизо не само во Лондон, туку и во светот.
„Metrocab“ има издолжена шасија и линија на покривот, со цел да се обезбеди дополнителен внатрешен простор, панорамски покрив и може да превезува седум патници. Го движат два електрични мотори, како и мотор na бензин во комбинација со генератор, а емисијата на штетни гасови е дури 75% помала отколку кај конвенционалните возила.