Насловна / Архитектура / Метро станици во Осло инспирирани од ледени пејсажи

Метро станици во Осло инспирирани од ледени пејсажи

Прроектите за две нови метро станици во главниот град на Норвешка, се инспирирани од ледени пејсажи. За овој потфат одговорни се компаниите  Zaha Hadid Architects и A-Lab. Рутата на метро линијата ќе оди во должина од 8 километри, и ќе ја поврзува новата населба на полуостровот Форнебу, со центарот на Осло. Архитектонските компании Zaha Hadid Architects (ZHA) со седиште во Лондон, и  A-Lab од Осло, победија на конкурсот за проектирање на две од вкупно шесте станици долж оваа метро линија. Овие две студија ја нашле инспирацијата за својот проект во норвешките глечери, па оттука самиот дизајн прилега на леден пејсаж.  Станицата  Fornebu Senter  ќе ја карактеризираат форми налик на планини и фјордови, додека на ниво на улицата ќе има јавен плоштад како постепено воведување во влезовите на станицата. Втората станица, Fornbuporten ќе има неколку влезни павилјони, поставени покрај јавните простори од двете страни на станицата. Осветлувањето на метро станиците ќе се менува во зависност од времето, со цел да се влијае на расположението на патниците.

Бројот на жители во Осло достигнува речиси еден милион, но експанзијата на урбанизацијата е ограничена поради заштитените природни подрачја, односно Ослофројд на југ и околните планини и шуми. Новиот урбанистички центар Форнебу ќе се наоѓа на локацијата на аеродромот кој повеќе не е во употреба.

zhaalab1

zhaalab2

zhaalab3

zhaalab4

zhaalab5

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top