Да се живее во близина на линиите односно станиците на јавниот превоз за многумина е предност. Но, од друга страна пак, во кинескиот град Чунгкинг постојат луѓе кои буквално живеат со јавниот превоз. Имено, станбената зграда во овој кинески град е направена така што метрото директно минува низ неа, но тука и застанува бидејќи токму во зградата е сметсена метро станицата. Зградата има 19 ката, а станицата е лоцирана на шестиот. Инсталирана е опрема за намалување на бучавата, па надлежните тврдат дека нивото на бучава е еднакво на тоа што го генерираат машините за перење во домаќинствата.
Во овој град во североисточна Кина живеат 4,5 милиони жители, додека поширокото подрачје на градот има над 31 милион жители. Местото е навистина пренаселено дури и за кинески прилики, и архитектите мора да бидат креативни со цел усогласување на проектите на резиденцијалните квартови со сообраќајните решенија.
Видео: