Грчката компанија METKA EGN ја најави својата нова аквизиција во фотоволтаици во Австралија со инсталиран капацитет од 260MW. Компанијата е подружница на грчкиот индустриски гигант Mytilineos Holdings.
Австралија е клучен пазар за глобалниот развој во областа на обновливите извори на оваа компанија која веќе има свои проекти во Азија, Европа и Латинска Америка. Портфолиото на METKA EGN во Австралија се состои од шест електрани лоцирани во Квинсленд и Нов Јужен Велс, секоја со инсталирана моќност во рангот од 30-50MW.
Штом биде пуштена во погон, новата централа се очекува да генерира над 450 GWh електрична енергија годишно. Досега компанијата има резлизирано над 1 GW во соларни централи во Европа, Африка Азија, Јужна Америјка и Австралија, како и над 100MW во проекти за складирање на енергија во Порторико.