Метеоролошките услови во Скопје до крајот на неделата ќе останат неповолни за да имаат влијание врз подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, кој последните денови е многу загаден.
Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека до крајот на неделата Македонија ќе остане пов влијание на висок воздушен притисок и оти времето ќе биде стабилно и суво со слабо струење на воздухот.
Промени може да се очекуваат од средината на наредната недела.
Последните мерења за квалитетот на воздухот во Скојпје покажуваат високи вредности над 180 микрограми на метар кубен во Лисиче, а високи во другите делови на Скопје. Високите концентрации изутрината се измерени и во Тетово. (МИА)