Американската технолошка корпорација Meta претстави нова алатка на база на вештачка интелигенција (AI), која претвора текст во тродименизонални слики. Новиот систем 3D Gen може да генерира тродимензионални слики во висока резолуција и тоа три до десет пати побрзо отколку досегашните модели. Системот е базиран на јазичките модели AssetGen и TextureGen.
На платформата Threads претставени се примери на работа на оваа алатка. Тродименизионалниот модел се генерира за помалку од една минута. Реакциите на корисниците на социјалната мрежа Threads се главно позитивни, но некои ја перцепираат оваа алатка како закана за нивната работа.