Насловна / Вести / „Мета“ планира да изгради подводен кабел околу целата планета, долг 50.000 километри

„Мета“ планира да изгради подводен кабел околу целата планета, долг 50.000 километри

Проектот „Вотерворт“ вклучува изградба и поставување на огромен подводен кабел долг 50.000 километри, кој ќе ја опфаќа целата планета и ќе поврзува пет континенти.

Гигантот „Мета“ – кој ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp – сака да го прошири своето присуство во областа на технологијата надвор од социјалните мрежи, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција, како и потребна инфраструктура што ќе може да ја поддржи.

Новиот проект за подводен кабел ќе обезбеди исклучителна поврзаност на пет големи континенти и ќе им помогне на идните планови на Мета во областа на вештачката интелигенција.

„Проектот ќе овозможи подобра економска соработка, ќе обезбеди дигитална инклузија и ќе отвори можности за технолошки развој на овие области“, наведува „Мета“.

Кабелот ќе биде најдолгиот кабел некогаш направен, со структура од 24 парни влакна, што му овозможува поголем капацитет.

Подводните кабли станаа исклучително важни во изминатите децении бидејќи овозможуваат функционирање на бројни дигитални услуги и брз пренос на огромни количини на податоци.

Доволно е да се каже дека повеќе од 95% од интернет сообраќајот во светот се пренесува преку подводни кабли.

Од телекомуникациската компанија „Телеџиографи“ наведуваат дека во моментов ширум светот се користат околу 600 подводни кабли.

Еден од нив е кабелот „2Africa“, кој го финансираа „Мета“ и мобилните оператори „Оранж“, „Водафон“ и „Чајна мобaјл“,долг 45.000 километри и поврзува три континенти.

Испрати коментар

Scroll To Top