Компанијата Meta, како сопственик на Facebook и Instagram, ќе формира тим за борба против невистинити содржини во областа на вештачката интелигенција (AI) на социјалните мрежи, а во контекст на претстојните избори за Европскиот парламент кои се одржуваат од 6-ти до 9-ти јуни. Meta е загрижена бидејќи генеративната AI технологија е во состојба да лажира видео записи, слики и аудио снимки, па може да се користи за измама на гласачите. Најавата доаѓа две недели откако Meta потпишала спогодба со другите големи технолошки компании кои се обврзале на борба против таквите содржини.
TikTok, како ривал на Metа ан социјалните мрежи, претходно најави дека ќе стартува со т.н изборни центри во склоп ан својата апликација, на јазиците ан секоја од 27-те земји членки на ЕУ, во кои ќе се содржат меродавни информации.