Насловна / Арт и дизајн / Messika x Le Meurice: Блескавиот сјај на Божиќ во Париз

Messika x Le Meurice: Блескавиот сјај на Божиќ во Париз

Во срцето на празничната сезона 2024 година, Париз станува епицентар на луксуз и магија преку уникатната соработка помеѓу Messika, престижна куќа за накит, и Le Meurice, историски париски хотел…

Оваа ексклузивна соработка обединува две уметнички дисциплини – занаетчиската прецизност на изработката на накит и имагинацијата во гастрономијата – во совршена хармонија што го слави духот на празниците.

Од ноември до јануари, Le Meurice станува магична градина она злато и дијаманти. Иконичните божиќни декорации инспирирани од мотивите на Messika го осветлуваат просторот – од влезниот хол до познатиот ресторан Le Dalí. Златните, сребрените и бакарно-розовите нијанси се испреплетуваат во совршена игра на светлината, правејќи го хотелот место кое зрачи со луксузна празнична атмосфера. Иконичниот Messika Move мотив внесува модерен пресврт во класичната декорација, претворајќи го секој агол од хотелот во уметнички простор.

Празничниот гастрономски спектакл кулминира со ексклузивен десерт – бжиќен колач инспириран од Messika накитот. Маестрално досмислен од шефот на слаткарницата Франсоа Дешаје, колачот носи trompe-l’œil ефект, каде визуелната илузија се среќава со вкусната стварност.

Прво се открива луксузна кутија за накит, направена од најфиното чоколадо од чоколатеријата на Алан Дукас. Под нејзиниот капак се кријат три капсули со вкус: ванила, пралина и чоколадо со прстофат цветна сол. Секоја капсула крие изненадување – дијамантскиот вкус на Мадагаскар ванила, каде слаткоста и богатството совршено се испреплетуваат.

„Оваа креација е многу повеќе од десерт; предизвикува емоции, создава изненадување и носи задоволство преку формата, текстурата и вкусот“, вели Valerie Messika.

Соработката меѓу Messika и Le Meurice не е само празник за сетилата, туку и омаж на париската традиција на уметност и занаетчиство. Le Meurice, чии простории во минатото биле домаќини на уметници како Пикасо и Дали, е совршен амбиент за оваа блескава соработка. Valerie Messika истакнува: „Во Le Meurice чувствувам комбинација на историја и модерност. Неговиот ентериер зрачи со топлина и софистицираност, исто како и нашите парчиња накит“.

Шефот Дешаје додава: „Инспирацијата за колачот дојде од естетиката на Messika. Посебно уживав во реплицирањето детали како што е финиот златен раб на кутијата. Секој елемент од овој десерт, од формата до вкусот, мораше да ја одразува прецизноста и убавината по која е Messika позната“.

Ексклузивниот колач е достапна само во ресторанот Le Dalí, нудејќи им на гостите можност да уживаат во луксузно гастрономско искуство. Valerie Messika дегустацијата ја опишува како магичен момент: „Подигнете го капакот, откријте ја илузијата и уживајте во спојот на вкус и естетика“.

За готвачот Дешаје, овој колач носи порака за радост и игра: „Овој десерт ќе го разбуди детето во секого – од едноставноста на вкусот до забавата со подигање на чоколадниот капак и откривање на дијамантската капсула“.

Испрати коментар

Scroll To Top