Насловна / Вести / „Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија на Македонија

„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија на Македонија

По повод „Месец на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија ќе реализира три настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност.

Првиот настан е промоција на монографија на 5 мај (петок), во 11 часот во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.nikolamartinoski

Ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“. Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е проф. д-р Кирил Пенушлиски.

За монографијата на промоцијата ќе говорат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, академскиот сликар Рубенс Корубин и академик Влада Урошевиќ.

Вториот настан е отворање на изложбата. Како продолжение на истражувачкиот труд , покрај промоција на монографијата ќе се реализира и изложба на слики и фоторепродукции на делата од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на неговата ликовна кариера.

Изложбата носи наслов „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“, ќе биде поставена и отворена во Мала станица на 11 мај (четврток), во 20 часот.

Трет настан е предавање на д-р Кирил Пенушлиски, на 16 мај (вторник) во Мала станица во 11 часот, на тема „Од Мартин во Мартиноски“.

Испрати коментар

Scroll To Top