Во Битола почна да работи инструментот за симултано мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и до 2.5 микрометри (PM10/PM2.5). Инструментот е ставен во работен режим во Автоматската мониторинг станица Битола 2. Податоците од извршените мерења се достапни и на веб порталот за квалитет на амбиентен воздух при МЖСПП, односно на http://air.moepp.gov.mk.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека во изминатиот период мерењата на PM10/PM2.5 од мерното место Битола 2 беа оневозможени поради комплексен дефект на инструментот во гарантен рок и истиот мораше да се испрати до неговиот производител. По извршеното сервисирање и калибрација истиот е вратен назад на мерното место.